fbpx

Од денеска вишокот пари наместо во банка може да се инвестира и во државни обврзници

-

Граѓаните и деловните субјекти во иднина ќе треба добро да размислат пред да одлучат дали своите заштеди ќе ги пласираат како депозити во домашните банки или пак ќе се решат да инвестираат во државни обврзници.

Почнувајќи од денеска на официјалниот пазар на Македонската берза на хартии од вредност започна тргувањето со 132 емисии на државни обврзници, со вкупна номинална вредност од 54.184.070.000 денари или 881 милион евра.

Обврзниците се издадени во денари, со годишна исплата на камата, додека главнината се исплаќа на денот на достасувањето. Каматните стапки се движат во распон од  0,9 отсто за рок на достасување од 12 месеци до 5,3 отсто за рок на достасување од 30 години. Во вкупно издадените обврзници има 74 петнаесетгодишни, а само три се со рок на достасување од триесет години.

Со оглед на тоа што обврзниците се државни хартии од вредност кои се безризични финансиски инструменти кои во име на Владата ги издава Министерството за финансии, а за да се обезбедат пари од јавноста за финансирање на буџетските потреби се поставува дилемата дали е можно државата преку обврзниците да им стане конкурент на банките.

Според најновите податоци на Народната банка, каматната стапка на вкупните депозити кај банките примени од домаќинствата, во ноември, минатата година се сведе на 1,38 отсто и забележа минимален месечен пад од 0,01 процентен поен (п.п). Гледано на годишна основа, каматната стапка на вкупните депозити од домаќинствата бележи пад од 0,09 п.п.

Каматната стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор, во ноември, бележи месечно зголемување од 0,05 процетни поени и изнесува 1,74 отсто.

На годишна основа, каматната стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор е намалена за 0,17 процетни поени.

Трендот на намалување на годишната камата на депозитите може само да придонесе во иднина дел од депозитите од банкарскиот сектор да се преселат во „штедење во обврзници“ кај кои каматната стапка во некои случаи и сега е повисока отколку кај банките.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...