fbpx

Од денеска е пуштена нова банкнота од 50 евра

-

Централните банки во еврозоната од денеска во оптек ја пуштија новата банкнота од 50 евра, која според Европската централна банка (ЕЦБ) е потешка за фалсификување.

„Дури и во дигитална ера, готовината е сè уште неопходна во нашата економија“, објасни претседателот на ЕЦБ, Марио Драги.

Новата банкнота има повеќе од десет безбедносни жигови, бидејќи околу 60 проценти од сите откриени фалсификати биле банкноти од 50 евра.

По банкнотите од пет, 10 и од 20 евра, ова е четврта нова банкнота пуштена во оптек од т.н „серија Европа“. Новите банкноти од 100 и од 200 евра се очекуваат на почетокот на 2019 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...