fbpx

Од 19 јуни до денеска МВР издало потврди на вкупно 28.297 мигранти

-

Од стапувањето на сила на измените на Законот за азил и за привремена заштита (на 19 јуни) до денеска, Министерството за внатрешни работи (МВР) издало потврди за искажана намера за барање азил во земјава на вкупно 28.297 мигранти, кои илегално влегле на територијата на Македонија, соопштуваат од МВР.

Вчера, вакви потврди МВР издало на нови 1.064 странски државјани, од кои најголемиот дел биле со потекло од Сирија.
До одделението за азил, заклучно со денеска, биле поднесени 41 барање за признавање на правото на азил, врз основа на претходно издадена потврда.

Во Прифатниот центар за баратели за азил, засега е регистриран само еден странски државјанин.

Како што информираат од МВР, вчера мобилните тимови на Црвен крст укажале прва помош на вкупно 112 лица, при што 73 интервенции биле извршени во Гевгелија, а 39 во Табановце. Вкупно 12 трудници побарале медицинска асистенција од мобилните тимови, две деца биле транспортирани до гевгелиската општа болница и за еден случај е повикана итна медицинска помош.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...