fbpx

Очекуваме чиста препорака и датум за преговори, порача Груби во Брисел

-

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, пратеникот Артан Груби, и Давид Кулен од Европската комисија, одговорен за подготвување на извештаите за Македонија и за Косово, денеска во Брисел дискутираа за реформската агенда на земјава.

Груби, како што соопштија од собраниската комисија, говорел за предвидените активности на Собранието за завршување на нашите обврски за да му се олесни на Брисел чистата препорака, но и давање датум за почеток на преговорите.

– Нашата посветеност кон реформите, владеење на правото и добрососедството се услов за добивање чиста препорака од Брисел напролет, а потоа и датум за почеток на преговорите за членство – изјави Груби.

Кулен го информирал Груби за видувањата на Брисел врз реформските активности во Македонија, истакнувајќи ја подготвеноста на Европската Унија за конкретни резултати од Скопје.

Пратеникот Груби, на покана на своите колеги од Европскиот парламент, денеска учествуваше на Европската утринската молитва, а попладнево ќе оствари средба и во канцеларијата на Могерини и со европарламентарната тројка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...