fbpx

Обвинитетите за 27 април добија вкупно 211 години затворска казна, Чавков – 18 години

-

Митко Чавков доби највисока казна за настаните од 27 април и е осуден на 18 години затвор, а вкупната казна за шеснасетмината обвинети е 211 години затвор.

Игор Дурловски е ослободен од обвинението.

Митко Пешов е осуден на 15 години, Душко Лазаров на 15 години, Горан Ѓошевски – Леви на 15 години, Оливер Поповски на 13 години, Оливер Радулов на 10 години, Мунир Пепиќ на  15 години, Абдулфета Алими на седум години, Младен Додевски на 12 години, Јане Ченто на 15 години, Горанче Ангеловски на 12 години, Игор Југ на 12 години, Влатко Трајковски на 15 години, Вилијам Михајловски на 14 години, Николо Митровски – Кољо на 15 години и Александар Василевски Нинџа на  осум години затворска казна.

Обвинителката предложи продолжување на мерката притвор за осудените Митко Чавков, Јане Ченто, Игор Југ, Младен Додевски Влатко Трајковски, бидејќи според неа постои опасност од бегство. За преостанатите за кои е изречена затворска казна е побарано определување мерка притвор до правосилност на пресудата.

Судскиот процес почна во август минатата година, а осудените се за делото „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.  По донесувањето на Законот за амнестија помилувани беа 15 лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...