fbpx

Обвинителството за смртта на Крпач бара податоци од СЈО, МВР и од судот

-

Основното јавно обвинителство Скопје денеска од Специјалното јавно обвинителство, МВР и до Основниот суд Скопје 1 побарало да му достават податоци и документи во врска со истрагата за смртта на Коста Крпач.

Податоците и документацијата, како што соопштиле од прес-службата на Обвинителството за „Телма“, биле побарани заради расветлување на настанот.

Оттаму потврдиле дека се очекуваат дополнителни наоди кои ги побара Обвинителството во врска со истрагата за смртта на Крпач, која, меѓу другото, треба да утврди дали станува збор за убиство или самоубиство.

Коста Крпач во средата минатата недела беше пронајден мртов со прострелна рана во градите, во домот во Капиштец, откако, наводно, испукал неколку куршуми од балконот на станот.

Следниот ден Специјалното јавно обвинителство соопшти дека Крпач бил сведок на СЈО и дека против него не се водела никаква кривична постапка.

Од СЈО побараа одговор од претседателот на државата, Ѓорге Иванов, како Крпач се нашол на неговиот список на помилувани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Kaмерон: Израел одлучи да дејствува по нападот на Иран

Јасно е дека Израел одлучи да дејствува, како одговор на иранскиот масовен напад со беспилотно летало и балистички ракети минатиот викенд, изјави денеска британскиот државен секретар за надворешни работи...