fbpx

Обвинителството одреди мерка притвор за заробените терористи

-

Утринава надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција заврши со распитот на триесетте члена на терористичката група, по што до судија на претходна постапка поднесе предлог за определување мерка притвор.

Осомничените се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок и на безбедноста, од член 313, и за здружување заради непријателска дејност, од член 324 од Кривичниот законик, а дел од групата и за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, од член 396, став 2, вв став 1.

Во текот на вчерашниот ден, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција изврши увид на местото на настанот во Куманово, во населбата Диво насеље и прибра докази кои смета дека ќе бидат од значајна корист во понатамошната истражна постапка.

Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција издаде наредба за обдукција на сите починати лица. Истражната постапка продолжува.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...