fbpx

Обвинителството ќе проверува како протеклa видеоснимката, другите материјали од „Пуч“ забранети

-

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, во сопштение вели дека во согласност со своите овластувања ќе изврши проверки во врска со фактите и со околностите под кои материјалите од средбата помеѓу претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, и лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев, дошле до медиумите. Обвнителството побара од МВР да контактира со „Јутјуб“ за да ги отстрани видеоснимките од средбата Груевски – Заев.

„Јавното обвинителство на Република Македонија цени дека е неопходно да нагласи дека објавувањето на материјали коио може да станат предмет на натамошната кривична постапка е забрането и казниво со Закон.
Затоа, предупредуваме веднаш да запре објавувањето и емитувањето на ваквите материјали.
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција упати барање до МВР на РМ да стапи во контакт со мрежата на која беше објавен материјалот за негово отстранување, како и за отстранување на сите слични материјали кои би се појавиле во иднина“, стои во оопштението.

„Мета“ денеска анализираше и дали медиумите смеат да ја објават „бомбата“ на Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Марш за видливост на трансродовите лица утре пред Влада

Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица „ТрансФормА“ соопшти дека во пресрет на 31 март, Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица, утре со почеток...