fbpx

Обвинителството доби дозвола да ја обжали пресудата за Писториус

-

Обвинителството на Јужна Африка доби дозвола да ја обжали пресудата против Оскар Писториус, кој е прогласен за виновен за убиство.

Судијата Токозиле Масипа денеска пресуди дека државата не може да поднесе одделна жалба за пресудата и оти мора да ги плати трошоците на Писториус во овој дел од нивната жалба, но доколку ја добијат жалбата, апелацискиот суд може да изрече построга казна.

Дваесет и осумгодишниот Писториус е обвинет за убиство на неговата девојка Рива Стинкемп. Писториус минатата година во февруари со четири куршуми ја застрела својата девојка преку затворената врата на бањата. За време на судењето, тој тврдеше дека мислел дека зад вратата се наоѓа провалник, кој сакал да го нападне.

Судијката Масипа во октомври годинава го осуди на Писториус на пет години затвор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...