fbpx

Обвинителството бара Кежаровски да се врати во затвор

-

Жалба на одлуката за условен отпуст за Томислав Кежаровски поднесе Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

„Во законски предвидениот рок, надлежниот јавен обвинител ја разгледа одлуката за условен отпуст, донесена од Основниот суд Скопје 1. Сметајќи дека со одлуката погрешно е утврдена фактичката состојба во случајот и дека осуденото лице не ги исполнува условите за условен отпуст, надлежниот јавен обвинител поднесе жалба на одлуката“, стои во соопштението.

Адвокатот Филип Медарски вели дека сега останува да ја чекаат одлуката на повисокиот суд (Апелациски суд) и очекуваат позитивна разврска.

– Работиме на барањето до Врховен суд за вонредно преиспитување на првостепената одлука и очекувам тоа да биде доставено во текот на идната недела – рече Медарски.

Апелација по жалбата на Јавното обвинителство нема рок до кога треба да одговори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...