fbpx

Обвинителство за „Мета“: Очигледно беше дека Софески починал од инфаркт

-

Јавниот обвинител што го водел увидот на местото каде почина поранешниот воен разузнавач, Горан Софески, не наредил обдукција на телото бидејќи лекарската екипа по прегледот констатирала дека Софески „очигледно“ починал од инфаркт и немало никакви сомнежи околу причините за смртта, велат за „Мета“ од Јавното обвинителство.

„Лекарската екипа присутна за време на вршење на увидот, од извршениот преглед на телото на починатото лице, констатира дека е очигледно оти лицето починало од природна смрт, инфаркт. Лекарската екипа и од претходно го познавала починатиот како пациент со кардиолошки проблеми и со два вградени стента. Наредба за вршење обдукција не е издадена од страна на јавниот обвинител, кој ценеше дека од извршениот увид од лекарите и од утврдените факти на местото на починување, нема сомнеж за причините на настанатата смрт“, стои во одговорот од Обвинителството на нашето прашање зошто не била наредена обдукција на телото на Софески.

Од Министерството за внатрешни работи денеска соопштија дека телото на Софески било пронајдено вчера, во 8.35 часот, кај местото Бела вода, во атарот на кичевското село Раштани.

На телото на Софески, како што информираат од Обвинителството, не биле констатирани повреди и траги од насилство.

„Откако беше пронајдено безживотното тело на лицето за кое прашувате, кај местото викано Бела вода во атарот на селото Раштани, Кичево, службени лица од МВР, медицински екипи и јавен обвинител извршија увид на местото. Притоа е констатирано дека е очигледно дека на телото на починатиот нема траги на насилство или повреди“, велат од Обвинителството.

Телото на Софески беше пронајдено откако во неделата негов братучед во кичевската полиција пријавил дека тој дента заминал на лов над селото Раштани и не се вратил.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...