fbpx

Обвинителство за акцијата „Еразмус“: Досега имаме евидентирано поткуп од 2.800 евра

-

Истрагата за корупција на Економскиот факултет траела две години, а полициската акција е спроведена во понеделникот оваа недела бидејќи Обвинителството за организиран криминал и корупција добило сигруна дојава дека тој ден ќе има примопредавање на пари, како поткуп. Ова денеска го соопшти обвинителката Лидија Раичевиќ, која го води случајот, пренесува „Академик“.

Шесттемина професори, демонстраторот и сопственикот на бифето на Економскиот факултет, како што посочи обвинителката, дејствувале организирано, а поради сложеноста на коруптивните дела за кои се осомничени и кои се одвивале тајно, тие бие следени со посебни истражни мерки (ПИМ) во текот на 2015 и на 2016 година.

– Тие посебни истражни мерки резултираа, заедно со голем број други докази, со реализација, односно акција која се спроведе на критичиниот ден кога професорот Бобек Шуклев беше задржан на паркиралиштето пред просторот на Универзитетот – рече Раичевиќ.

Тој, според обвинителството, бил фатен по примањето поткуп од 1.000 евра, во банкноти кои биле претходно обележани, а биле пронајдени во неговиот автомобил.

Обвинителката истакна дека сите осомничени се звучни имиња, интелектуалци кои се познати во јавноста. Таа додаде дека дополнително би ги соопштила имињата на сите, иако го спомена само Шуклев, но посочи дека нема да ги елаборира доказите, иако има желба со тоа да покаже дека и моралот и правото би биле задоволени со проследување на доказите.

Обвинителството со кривичната пријава првин предложило мерка притвор за осомничените, но по добиените податоци од МВР за здравствената состојба на осомничените, нивната семејна положба, плановите за евентуални патувања, нивниот професионален ангажман и опасноста од бегство, предлогот до судијата на претходна постапка го преиначиле и побарале определување мерки за претпазливост.

Вчера судија на претходна постапка на петмина од осомничените им одреди мерки на претплазливост, односно да им се одземат пасошите и да им се наметне обврска за редовно јавување пред надлежен орган.

Обвинителството досега документирало поткуп од 2.800 евра, а во текот на истражната постапка се очекува да биде дефинирана целосната сума.

Како што пренесува порталот „Нова ТВ“, обвинителката Раичевиќ посочила дека за барање сексуални услуги заради полагање испит, постои сомнеж за две лица, но не сакаше да сподели повеќе детали.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...