fbpx

Обвинителство: Полицаец уби човек во Свети Николе

-

Основното јавно обвинителство Штип истражува настан во кој по напад на овластено службено лице, било употребено службено оружје.

„Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип ги презема потребните дејства за да ги расветли причините за употребата на огнено оружје од полицаец од полициската станица Свети Николе, кој вчеравечер при вршење службени дејства со пиштол лиши од живот едно лице“, се вели во соопштението од Обвинителството.

Според првичните сознанија, полицаецот при вршење службени дејства, забележал возило „лада“ кое се движело со голема брзина и велосипед кој се движел пред него. Возачот на „ладата“, видно лут на велосипедистот поради тоа што тој се движел пред него и му пречел во движењето, го запрел возилото и почнал вербална и физичка расправија. Полицаецот пристапил, ги одвоил лицата и почнал со легитимирање на возачот на патничкото возило, кој, пак, давал отпор со тегнење и со туркање, спротиставувајќи му се на службеното лице. Потоа возачот седнал во возилото и почнал да вози по патот, држејќи го полицаецот за рака, влечејќи го десетина метри по патот, при што од брзината на движење, полицаецот паднал на патот.

„Возачот на „ладата“, 30-годишен жител на Свети Николе, потоа двапати, движејќи се по патот и вртејќи полукружно, се враќал кон полицаецот, обидувајќи се да го прегази. Во неговиот втор обид, бил спречен од полицаецот кој во полуседечка положба употребил огнено оружје и притоа му нанел огнострелна рана, од која лицето починало“, стои во соопштението.

Надлежен обвинител продолжува со истражните дејства за да се утврдат фактите и доказите во предметот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...