Обвинителството почна предистражна постапка за бегството на Груевски


       
Скопје, 15 ноември, 2018 - 13:40 (META) 

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК) соопшти дека почнало предистражна постапка, поради сомневање дека некои службени лица злоупотребувајќи ја службената положба му овозможиле на Никола Груевски да избега од Македонија.

Обвинителството вели дека одлуката за отворање на предметот е донесена „следејќи ги информациите во врска со бегството на осудениот Н.Г., како и написите на медиумите и интересот на јавноста“.

„Во врска со настанот постојат основи на сомневање дека одредени службени лица, злоупотребувајќи ја својата службената положба и овластување, му овозможиле на осудениот нелегално да ја напушти Република Македонија. Предметот е доделен на надлежен обвинител и во рамки на предистражната постапка  издадени се Наредби за прибирање податоци поврзани со настанот“, се вели во соопштението.​