fbpx

Обвинителката Вилма Русковска не е задоволна од Законот за амнестија

-

Јавната обвинителка Вилма Русковска по завршување на денешното рочиште за насилствата во Собранието на 27 април минатата година, рече дека таа како обвинител кој вложил многу труд и многу работа во предметот, но и како граѓанин не е задоволна од Законот за амнестија.

Таа потенцираше дека нема да има преквалификација за тие обвинети што не се опфатени со амнестијата, затоа што не важи амнестијата за целото кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

– Како ќе стигнуваат барањата за амнестија, така ќе се одлучува поединечно по истите, со тоа што навистина во Законот е предвидено дека одлуката ја носи судот по претходно прибавено мислење на јавниот обвинител и тоа е добро што е така затоа што е многу подобро отколку комисија да формираа во Собранието, па амнестијата да ја одредуваат тие за кого да важи, а за кого да не важи. Сепак, обвинителот најдобро го знае предметот, а и судот кога ќе се комплетира доказната постапка – изјави Русковска.

Прашана што ќе се случи, доколку одлучи никого да не амнестира, Русковска рече дека не може никого да не амнестира, зашто мора да го почитува законот.

Во однос на нарачателите, појасни дека тие се споменати во Законот за амнестија во делот кој кажува кој нема да потпадне под Законот за амнестија, а тоа се организаторите и нарачателите.

– Тие не спаѓаат во лица кои можат да бидат амнестирани. Тоа е едно исто само се употребуваат различни термини. Јас го употребувам терминот „организатори“, вие „нарачатели“, Собранието употребува друг термин итн. Тие што според Закон мора да бидат амнестирани ќе бидат амнестирани, постапките ќе си продолжат за останатите кои нема да потпаднат под овој закон, изјави Рускоска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...