fbpx

Обвинение против 13 лица за убиството во Мала Речица

-

Основното јавно обвинителство Тетово поднесе обвинение против 13 лица за учество во вооружениот инцидент во Мала Речица, во кој на 5 април годинава беше убиен кумановецот Наип Реџепи, а двајца беа повредени.

Против четири лица е поднесен обвинителен акт со предлог за продолжување на мерката притвор, со кој едно лице се товари за убиство и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје. Три лица се товарат за обид за убиство и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје. Надлежен јавен обвинител до Основниот суд Тетово предложи на тројцата обвинети кои се уапсени, како и на еден обвинет кој и натаму е во бегство да им биде продолжен притворот до правосилноста на пресудата против нив.

Против останатите девет лица Основното јавно обвинителство Тетово поднесе обвинителен предлог за учество во тепачка. За осуммина обвинети е доставен предлог за определување мерки на претпазливост, додека за едно лице е предложен притвор до правосилност на пресудата, бидејќи станува збор за државјанин на Република Албанија.

„Во текот на истрагата, јавниот обвинител утврди дека обвинетите лица биле дел од две меѓусебно спротивставени групи, кои по претходен договор и заради претходна меѓусебна нетрпеливост, со возила дошле на местото на инцидентот во Мала Речица. Петмина, меѓу кои и починатото лице, биле вооружени со пиштоли, по што дошло до меѓусебна вербална расправија која прераснала во тепачка и употреба на огнено оружје. Освен пиштоли, во тепачката биле користени бејзбол палки, секира, нож и други предмети“, соопшти обвинителството.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...