fbpx

ОБСЕ: Скопје и Атина постигнаа историски договор

-

Претседавачот на ОБСЕ, италијанскиот министер за надворешни работи Енцо Моаверо Миланези, и генералниот секретар, Томас Гремингер, го поздравија договорот меѓу Скопје и Атина за решавање на спорот за името.

Тие во соопштенијата наведуваат дека договорот е чекор напред кон јакнење на регионалната стабилност.

– Им честитам на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас за нивното лидерство и посветеност на овој процес кој е многу важен за двете земји, за Југоисточна Европа и за Европа во целост – вели Моаверо, додавајќи оти ова е единствена можност што мора да се искористи.

Гремингер, пак, го нагласува значењето на дијалогот и компромисот во овој процес.

– Овој историски договор може да доведе до долгорочно решение во корист на сите граѓани и на целиот регион – наведува генералниот секретар на ОБСЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...