fbpx

ОБСЕ/ОДИХР: Изборите беа демократски, не забележавме случаи на насилство

-

Вториот круг од локалните избори се одвиваше во натпреварувачки дух и почитувањето на темелните слободи придонесе за спроведување на демократски избори, заклучи набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР во прелиминарниот извештај за локалните избори што се одржаа вчера.

– Законската рамка претставува солидна основа за спроведување демократски избори. Иако повеќето одредби од Изборниот законик се применуваа и во вториот круг, законот нејасно регулира некои аспекти – рече Гловер, додавајќи дека законот не предвидува ажурирање на избирачкиот список меѓу двата круга, што фактички ги лиши од можноста да го остварат правото на глас гласачите кои наполниле 18 години во тој период.

Гловер рече дека ДИК ја подобрила транспарентноста меѓу двата круга, но истакна дека Комисијата недоволно се подготвила, односно дека не направила дополнителни обуки за избирачките комисии и за гласачите и не го подобрила пребројувањето на гласовите. Таа забележа дека ДИК го пробила рокот од 48 часа за расправање по поднесените приговори, а при одлучувањето е забележан барем еден случај на политичка пристрасност.

Во однос на медиумското покривање и на бесплатното рекламирање, Гловер рече дека и јавниот сервис МТВ и приватните медиуми известувале балансирано, но дека партиите воделе кампања со негативен тон, особено ВМРО-ДПМНЕ.

Во однос на поддршката што премиерот Зоран Заев ја дал на ДУИ, Гловер рече дека не е проблематично тоа што СДСМ и ДУИ се во коалиција, туку изјавата на премиерот дека ако победат, ќе ја имаат поддршката од централната власт.

Прашана како ги коментира обвинувањата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, за изборни нерегуларности и насилства, Гловер рече дека ако партијата смета дека имало насилство, истото треба да го пријави до надлежните институции и во полицијата, а доколку бил нарушен изборниот процес – до соодветните институции задолжени за регулирање и за спроведување на изборите.

– Тоа се обвинувања, но нашите краткорочни и долгорочни набљудувачи и ние не забележавме никакво насилство. Забележавме обиди за поткуп, за фотографирање на гласачки ливчиња, семејно гласање и полицијата веќе реагира на тоа, но немаме докази за насилства. Ние не работиме според обвинувања, туку според докази. Од фотографиите што сами ги пронајдовме, значи не ни беа доставени, не може да се утврди што точно се случува. Тука сме како набљудувачи, а не како изборна полиција. Ние не можеме да се мешаме во изборниот процес – рече Гловер, додавајќи дека конечниот извештај за изборните во Македонија ќе биде објавен за два месеци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите што ги употребува политичкиот противник за Стево Пендаровски се во најголем дел проблематични, бидејќи се базираат на изменета содржина, т.е. или се невистини или полувистини, или, пак, им...