fbpx

ОБСЕ ќе продолжи со поддршката на клучните реформи, порача Гремингер по средбата со Заев

-

Премиерот Зоран Заев денеска имаше средба со новиот генерален секретар на ОБСЕ, Томас Гремингер, на која била потврдена определбата на Владата за заштита на човековите права, функционирањето на правната држава и посветеноста на реформскиот процес, како и поддршката што Владата ќе продолжи да ја добива од ОБСЕ во реализацијата на реформскиот процес.

– Работиме и ќе работиме во согласност со стандардите на Европската Унија и на ОБСЕ во сите важни области за граѓаните и за државата, затоа што ја гледаме иднината на Република Македонија во ЕУ – изјави Заев на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на ОБСЕ по средбата.

Тој истакна дека Владата во програмата за работа и во реформскиот план „3-6-9“ ги зема предвид забелешките од извештаите за напредок на Европската комисија. Заев подвлече дека со особено внимание ќе се работи на воспоставувањето на непристрасен, професионален и ефикасен судски систем, во согласност со препораките на Европската комисија и на Венецијанската комисија на Советот на Европа.

Генералниот секретар на ОБСЕ, Томас Гремингер истакна оти е важно спроведувањето на долгорочни структурни реформи во области како што се владеењето на правото, медиумските права и слободи, полицијата и реформите во секторот на безбедноста, кои ОБСЕ ги смета за клучни.

Тој ги охрабри сите вклучени страни да работат заедно на зајакнување на демократските процеси и на враќање на довербата во институциите.

– ОБСЕ и институциите на нашата организација и нашата мисија во Скопје се овде да ве поддржат и продолжуваме со партнерскиот однос што го негуваме во соработката со државните институции и со поддршката на реформите во клучните области – рече Гремингер.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...