fbpx

Облачно време со услови за замрзнат дожд

-

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, а претпладне локално ќе има и услови за замрзнат дожд. На планините врнежите ќе бидат главно од снег. Утринската температура од минус еден до пет степени, а дневната температура ќе се движи од три до девет Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде облачно со врнежи претежно од дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе достигне до минус два, а дневната температура до пет Целзиусови степени.

За време на викендот се уште ќе има повремен дожд претежно во западните делови, а само на планините над 2.000 метри надморска височина ќе има повремен снег. Во останатиот дел од земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Утре ќе дува и повремено засилен западен ветер, поизразен на југот од земјава. Ќе настапи значително затоплување што ќе услови нагло топење на снежната покривка

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...