fbpx

Облачно време со услови за врнежи на замрзнат дожд и снег

-

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаби врнежи од дожд и снег, а ќе има и услови за појава на замрзнат дожд. Повеќе врнежи ќе има во западните и југозападните делови. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до еден степен, а дневната температура од три до девет степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаби врнежи од дожд и снег.

Утринската температура  до минус четири степени, а дневната темпереатураќе достигне до три степени.

Потоа до понеделник ќе биде стабилно и суво со пораст на температурата, а по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Нов влажен бран ќе има во понеделник кон крајот на денот и во вторник.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...