Облачно време со повремени врнежи од дожд


       
Скопје, 21 февруари, 2018 - 9:04 (META) 

Времето во Македонија денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд, на некои повисоки места и на планините од снег. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Повеќе врнежи ќе има во западните делови од земјава, особено попладне и во ноќните часови.

Утринската температура се движи од -2 до 5 Целзиусови степени, а дневната ќе изнесува меѓу 4 и 10 степени.

Во Скопје слично време, облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Утринската температура се спушти до 2 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне до 8 степени.

Повеќе врнежи се очекуваат в четврток претпладне, кога локално се очекува да наврнат над 25 литри на квадратен метар, а снежната покривка на планините значително ќе се зголеми.

До петок ќе дува умерен југоисточен ветер. Кон крајот на неделава ќе настапи позначително заладување.