!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Облачно време со повремени врнежи од дожд


       
Скопје, 3 декември, 2017 - 10:07 (META) 

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со повремен дожд особено во западните делови и претпладне, а попладне врнежите ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од 3 до 9 Целзиусови степени.

Во Скопје се очекува слично време. Утринската температура ќе достигне до 4 Целзиусови степени, а дневната до 12 степени.

Според УХМР, врнежи од дожд во текот на изминатите четири дена имаше на целата територија на државата, а пообилни во Маврово, Пожаране, Тетово, Лазарополе и во Дебар. Во Маврово за 84 часа, до 7 часот утрово, измерени се 187 литри на еден метар квадратен воден талог, во Пожаране – 150, Тетово и Дебар – 137, Лазарополе – 130, Охрид – 96, Крива Паланка – 75 и во Скопје – 65 литри на еден квадратен метар.