Oблачно време со локален пороен дожд и температура до 24 степени


       
Скопје, 17 април, 2018 - 9:30 (META) 

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со локален дожд, наместа пороен проследен со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од шест до 11, а дневната од 18 до 24 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време, облачно со сончеви периоди, околу пладне и попладне со услови за краткотраен дожд. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе достигне до 23 Целзиусови степени.