Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег.

Повеќе врнежи ќе има попладне, особено во западните и југоисточните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер.

Дневната температура ќе се движи од еден до осум Целзиусови степени. Во Скопје слично време, со температура до пет Целзиусови степени.