!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Облачно со врнежи од дожд


       
Скопје, 1 декември, 2017 - 9:36 (META) 

Времето денеска ќе биде облачно, на повеќе места со обилни врнежи од дожд, кои ќе бидат најобилни во западните и во источните делови од земјава, каде локално се очекува да наврнат повеќе од 50 литри на еден метар квадратен.

Во текот на денот ќе дува слаб ветер од северен правец, а во јужните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се движи од 7 до 14 Целзиусови степени, а максималната од 9 до 16 Целзиусови степени.

Во Скопје и во околината ќе биде облачно со обилни врнежи од дожд и со умерен до засилен југоисточен ветер. Температурата ќе биде од 8 до 10 Целзиусови степени.

В сабота и в недела врнежите ќе бидат полокализирани, но ќе има услови да бидат и поројни. Врнежи од снег ќе има само на највисоките планини во северозападните делови. Од понеделник ќе дува северен ветер, а температурата ќе биде во опаѓање.