Облачно време со повремен дожд и температура до 12 степени


       
Скопје, 5 март, 2018 - 10:05 (META) 

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Претпладне врнежите ќе се претежно во западните делови, а потоа ќе се прошират и кон исток. Минималната температура ќе биде два степена, а максималната ќе достигне до 12 степени Целзиусови.

Во Скопје времето ќе биде слично со утринска температура од четири и дневна од 11 Целзиусови степени.

Врнежи од дожд ќе има и утре, ќе дува повремено засилен јужен и југозападен ветер, поизразен на планините и на југот од земјава, што ќе овозможи забрзано топење на снегот.