Облачно и врнежливо време со температура до 9 степени


       
Скопје, 13 февруари, 2018 - 9:27 (META) 

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи, кои долж Повардарието ќе бидат од дожд, во останатите делови од дожд и снег, а на планините од снег.

Попладне во западните делови ќе има пообилни врнежи кои ќе бидат претежно од снег и ќе предизвикаат позначително зголемување на снежната покривка.

Во Скопје облачно, попладне и во вечерните часови со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат со умерен интензитет. Ќе дува повремено засилен југоисточен ветер. Максималната температура ќе биде до 6 Целзиусови степени.

Најмногу снег има во Маврови Анови, 45 сантиметри, Крушево 26, Ѓуриште 20.