fbpx

Облачно и ветровито време, со дожд и снег

-

Времето денеска ќе биде облачно и ветровито, со врнежи од снег, кои ќе бидат поинтензивни претпладне и во западните и јужните делови од земјата. Ќе дува умерен северен ветер кој на северот и долж Повардарието ќе засилува, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Максималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде облачно студено и ветровито со повремен слаб снег, претежно претпладне. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 2 Целзиусови степени.

Најниска температура изутрина во 7 часот во Македонија е измерена во Маврово, каде се регистрирани – 8 степени, по што следат Крушево со – 7, Лазарополе со – 4, Берово, Охрид, Претор и Прилеп со -3, -Виница, Битола и Крива Паланка со – 2, Тетово и Штип со -1.

Како што соопшти УХМР, најмногу снег има во Маврово каде снежната покривка е 26 сантиметри, во Крушево 22, во Битола 15, Тополчани 12, а 8 сантиметри во Пожаране и Лазарополе.

Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од снег, претежно во јужните делови и на југоистокот. Ќе продолжи да дува северен ветер поинтензивен долж Повардарието. Поради многу ниските температури ќе има појава на голомразица.

За време на викендот ќе има особено ниски утрински температури. В сабота преку денот ќе има повеќе сончеви периоди, а в недела повеќе облачност се очекува во северните делови, каде што ќе има услови за локална појава на снег.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...