Облачно и свежо време, со врнежи од дожд


       
Скопје, 27 јуни, 2018 - 9:44 (META) 

Времето во Македонија денеска ќе биде облачно и свежо, со врнежи од дожд, кои попладне и во текот на ноќта во јужните и југоисточните делови ќе бидат пообилни и интензивни. Таму за кратко време ќе наврне поголемо количество воден талог (околу 50 литри на квадратен за шест часа). Ќе дува умерен северен ветер.

Утринската температура се движеше од 8 до 18 Целзиусови степени, а дневната ќе изнесува меѓу 12 и 22 степени.

УВ-индексот ќе биде 4.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува ветер од северен правец. Утринската температура се спушти до 15 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 21 степен.

До четврток нашето подрачје ќе биде под влијание на циклонска активност, што ќе предизвика претежно облачно и посвежо време со врнежи од дожд и ретки грмежи. Од целиот бран локално се очекува да наврнат и над 75 л/м2 дожд.

В петок и сабота времето ќе биде посончево со значителен пораст на дневната температура, но во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.