fbpx

Облачно и студено со повремени врнежи од дожд

-

Времето денеска ќе биде облачно, околу пладне и попладне ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините со снег. Повеќе врнежи ќе има во западните делови. Поради нагло заладување проследено со засилен северен ветер, кон крајот на денот врнежите ќе поминуваат во снег и на повисоките места, а во текот на ноќта провејување на снег е можно и во пониските места во крајните северни и источни делови од земјава.

Ќе дува умерен јужен ветер, а кон крајот на денот ќе го смени правецот во засилен северен. Највисоката дневна температура ќе се движи во интервалот од 3 до 9 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе преовладува слично време максимална дневна температура до пет Целзиусови степени.

Утре времето ќе биде променливо облачно, наутро се уште ќе има провејување на слаб снег во северните и источните делови, а преку денот ќе биде суво, студено и ветровито со засилен северен ветер. Потоа до крајот на работната седмица се очекува стабилно, суво и постудено време со слаб до умерен северен ветер.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...