!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Облачен и врнежлив ден


       
Скопје, 30 ноември, 2017 - 9:53 (META) 

Времето денеска ќе биде претежно облачно, а во западните делови од земјава ќе биде врнежливо. Во текот на денот ќе дува засилен јужен ветер. Температурата ќе се движи од 5 до 16 Целзиусови степени.

Во Скопје и во околината ќе биде облачно, со врнежи од дожд, со температурата до 12 Целзиусови степени.

Нов влажен и релативно топол бран со обилни врнежи од дожд ќе има до сабота. В петок обилни врнежи се очекуваат на повеќе места, а в сабота во источните делови од земјава, каде ќе има услови за појава на грмежи. Снег ќе има само на високите планини. Од целиот влажен бран се очекува на повеќе места да наврнат повеќе од 50 литри на еден квадратен метар, а во крајните западни делови локално и до 100 литри на еден квадратен метар.