Британскиот весник „Дејли мејл“ ја објави првата фотографија од пилотот Патрик Сондхајмер, кој се обидел да го пречи Андреас Лубиц да го урне авионот на „Џерманвингс“ на француските Алпи и со себе да убие 149 луѓе.
Единствената фотографија на која се гледа Сондхајмер (првиот од лево на фотографијата) е снимена е седиштето на „Џерманвингс“ во Келн.
Контроверзија предизвика фактот што неговата фотографија е веднаш до онаа од копилотот Андреас Лубиц, човекот кој намерно го урна авионот и предизвика трагедија од невидени размери.
‘Hero’ Captain Patrick Sondheimer who tried to avert #Germanwings disaster pictured http://t.co/wPK49mOzcD pic.twitter.com/5IBDx1zMn4
— HuffPost UK (@HuffPostUK) April 7, 2015