fbpx

Обезбеден е фонд од 8.000 евра за отворање на две нови е-училници

-

Фондацијата „Е-Македонија“, основана од „Македонски телеком“, распишува повик за прибирање барања зa поддршка на проекти преку кои на социјално загрозените граѓани ќе им се овозможи бесплатно да стекнат основни познавања за работа со компјутери.

Доставените барања за поддршка од Фондацијата треба да се однесуваат на отворање e-училница, каде целната група ќе научи да работи со компјутери (ворд, ексел и сл.), ќе стекне знаење за предностите на интернетот, електронска пошта и сл.

Фондацијата „Е-Македонија“ обезбеди фонд од 8.000 евра за отворање на две нови е-училници. Поточно, Фондацијата обезбедува целосно или делумно финансиски средства за отворање на секоја е-училница, но и техничка поддршка со опрема за реализација на настава, како и интернет-конекција за целосно функционирање на опремата.

Фондацијата „Е-Македонија“ го почна проектот „Е-училници“ во 2012 година за да им овозможи на социјално загрозените граѓани бесплатно да дојдат до основни познавања за работа со компјутери. Преку овој проект досега се едуцираа околу 400 граѓани од Република Македонија, а сè уште е активна е-училницата во Радовиш.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...