fbpx

Обединети пензионери го поздравуваат постигнатиот политички договор

-

Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ) го поздравува постигнатиот политички договор со кој конечно се создаваат основни претпоставки за почнување на политичката и правна разврска на кризата создадена од автократскиот начин на владеење на власта.

Во партиското соопштение се додава дека кризата е последица од недостиг од чувство за државните и национални интереси на власта, неспособноста на партизираните државни институции да се справат со деспотизмот и со корупцијата, како и немањето цел да се обезбедат човековите слободи и права и да бидат ефикасен и функционален сервис на граѓаните.

ПОПГМ предупредува дека е нужно, паралелно со политичкиот, да почне и да продолжи процесот на откривање на вистината во случаите „Прислушување“ и „Пуч“ за низ независна и непристрасна правна разврска одговорните, кои и да се, да ја почувствуваат силата на законите и смислата на владеењето на правото, вклучително со конфискација на сиот незаконски и криминално стекнат имот.

– Овој договор обезбедува само минимум нужни препоставки за организирање фер и демократски избори на 24 април 2016 година. Во функција на оваа цел, укажуваме на потребата за мобилизација на сите чинители на македонското општество, како би се ефектуирале можностите граѓаните без никаков притисок и врз основа на сопствено убедување, базирано на вистинити информации, да го дадат својот глас за оние политички субјекти за кои ќе поверуваат дека со нивната чесност, знаење и посветеност кон интересите на граѓаните на Република Македонија ќе обезбедат просперитет и надеж за подобра иднина на сите генерации – се вели во соопштението на ПОПГМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...