fbpx

Обама: Ниеден акт на изразување не оправдува насилство

-

Ставот на американскиот претседател Барак Обама по повод пукањето во Далас во неделата навечер е дека ниту еден акт на изразување не оправдува насилство, соопшти портпаролот на Белата куќа.

Наведувајќи дека екстремистите се обидуваат да го искористат изразувањето кое го сметаат за навредливо како нешто што го оправдува насилството во светот, портпаролот Џош Ернест истакна дека „ниеден чин на изразување, дури и ако е навредлив, не го оправдува актот на насилство“.

Американската иницијатива за одбрана на слободата, која ја организираше изложбата на карикатури на пророкот Мухамед во Герланд во близина на Далас, понудила награда во висина од 10.000 долари за најдобра карикатура на пророкот Мухамед.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...