fbpx

Обама ја помилува Менинг, ќе биде ослободена на 17 мај

-

Американскиот претседател во заминување Барак Обама ја помилува 29-годишната Челси Менинг, која во август 2013 година беше осудена на 35 години затвор за шпионажа заедно со други службеници, по објавување на документи на веб-страницата на „Викиликс“.

Трансродната офицерка во американската војска, која родена е како Бредли Менинг, ќе биде ослободена на 17 мај годинава, наместо во 2045 година, како што првобитно беше одредено.

Таа беше осудена за продавање на повеќе од 700.000 доверливи документи, снимки од боишта и дипломатски белешки на „Викиликс“.

Ова протекување доверливи информации е забележано како едно од најголемите во историјата на САД.

Истовремено, основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, пред неколку дена изјави дека ќе се согласи да биде испорачан во САД ако претседателот Барак Обама ја помилува Менинг.

Асанж од 2012 година живее во амбасадата на Еквадор во Лондон за да избегне екстрадиција во Шведска, каде треба да одговара за наводно силување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...