fbpx

Обама: ИД е директна последица на американската инвазија на Ирак

-

Претседателот на САД, Барак Обама, вели дека потеклото на самопрогласената Исламска држава е американската инвазија на Ирак во 2003 година.

Обама во интервју за „Вајс њуз“ првпат изјави дека постои директна врска меѓу инвазијата на Ирак и ИД, којa изникна од Ал каеда.

– ИД директно израсна од ирачката Ал каеда, која изникна од нашата инвазија – рече Обама и додаде дека станува збор за „пример за несакани последици поради кои генерално би морале прво да нишаниме пред да стреламе“.

Претседателот во интервјуто изрази уверување дека коалицијата од 60 нации „полека ќе ја истурка ИД од Ирак“, но дека екстремизмот нема да престане додека не се најде политичко решение за внатрешните немири што владеат во земјите на Блискиот Исток.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...