fbpx

Нуркачи со македонско и со албанско знаме во Охридско Езеро

-

Меѓународниот нуркачки инструктор Милутин Секулоски продолжува со пренуркување на Охридско Езеро. Викендов, заедно со нуркачи од нуркачкиот клуб „Драгој“ од Поградец, официјално го направи првото нуркање во Охридско Езеро на територија на Албанија.

Мисијата Секулоски ја почна на 28 февруари од охридското пристаниште, а вкупно под вода ќе помине повеќе од 80 километри од двете страни на езерото. Искусниот меѓународен нуркачки иснтруктор во изминатиот период пренурка околу 30 километри во струшкиот дел.

Проектот за пренуркување на езерото предвидено е да трае од три до четири месеци. Потфатот на Секулоски ќе биде преточен во документарен филм, а ќе биде реализирана и изложба на фотографии.
Условите за нуркање се отежнати, имајќи предвид дека се нурка на температура на водата од седум степени, а многупати и со ограничена видливост.

Покровител на проектот е претседателот на Републикиа Македонија, Ѓорѓе Иванов, а институционална поддршка дадоа Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Никој во последниве години не одговарал и не бил осуден за кривичното дело „предизвикување шумски пожар“. Мета.мк ги побара податоците од Кривичниот суд за тоа колку пресуди биле донесени...