fbpx

Нуланд во Скопје во обид да помогне да се реши кризата

-

Американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања во Стејт департментот, Викторија Нуланд, денеска ќе има средби со претставници на Владата, лидерите на политичките партии, како и со претставници на граѓанското општество.

Како што соопштија од Амбасадата на САД, на средбите ќе се разговара за билатерални и за регионални прашања, неопходноста да се надмине политичката криза, поддршката за работата на Специјалното јавно обвинителство, како и за создавањето услови за веродостојни избори.

Прв на агендата на Нуланд е лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Во тек е средбата со него во американската амбасада, додека по него американската претставничка ќе се сретне со лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

Средбите со лидерите на македонските партии ќе се одвиваат во седиштата на партиите. Нуланд во 11.15 часот ќе се сретне со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, а потоа во седиштето на владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе разговара со претседателот на владејачката партија, Никола Груевски.

По средбите со лидерите на партиите, Нуланд ќе има средби со претставници на граѓанскиот сектор и со специјалната обвинителка Катица Јанева, додека средби со претседателот Ѓорге Иванов и со премиерот Емил Димитриев не се предвидени.

Посетата на Нуланд на Македонија е дел од нејзината турнеја низ неколку земји во регионот, односно Косово, Албанија, Србија и Кипар.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Објавен прирачник за употреба на вештачка интелигенција во новинарството

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) промовираше Прирачник за едукатори по Новинарство: Известување за Вештачка Интелигенција издаден од УНЕСКО, а објавен на македонски и на албански јазик....