fbpx

„Њујорк тајмс“: Западот ја преиспитува посветеноста на Македонија кон демократијата

-

Западните сили вчера ја ставија под знак прашање посветеноста на македонската влада кон демократијата и кон европските вредности, откако не успеа да одговори на обвинувањата за наводната злоупотреба на власта, пишува американскиот весник „Њујорк тајмс“.

Весникот наведува дека силниот прекор следи откако опозицијата веќе неколку месеци објавува снимки од разговори од Груевски и од неговите најблиски соработници, чија содржина предизвика загриженост кај Западот за степенот на демократијата во Македонија.

„Владата на Груевски во саботата, во раните утрински часови, наредила полициска операција против етнички албански „терористи“ во северниот етнички мешан град Куманово, во која загинале осум полицајци и 14 наводни терористи“, пишува „Њујорк тајмс“, додавајќи дека албанското малцинство и опозицијата ја обвиниле Владата дека се обидува да ја дефокусира јавноста.

Весникот наведува дека Западот повикал на темелна истрага за она што се случило и оти амбасадорите на САД, Европската унија, Велика Британија, Германија, Франција и на Италија, на средбата со Груевски, го критикувале неуспехот властите во Скопје да одговорат на обвинувањата на опозицијата за злоупотреба на власта.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...