fbpx

НСДП: За своето бегство, Груевски е подготвен да плати и со меѓуетнички судири

-

Ако уништувањето на државата беше најкраткиот пат за богатење на Груевски и на неговата фамилија, сега уништувањето на македонското општество и подгревањето на меѓуетничките тензии се неговиот најкраток пат за бегство од одговорноста и од казнено-поправните институции, реагираат денеска од НСДП.

„Оваа своја намера, за чие остварување е подготвен да плати и со меѓуетнички судири, Груевски се обидува да ја сокрие и да ја спакува со тези дека „решението е во рацете на народот“, односно кај тие што во моментов принудени и уценети протестираат по улиците. „Да нè видат колку сме, можеме да се собереме и во неколкупати поголем број“, е гласот на уценетите и на потчинетите кои се обидуваат да го поплочат бегството на врхушката на ВМРО-ДПМНЕ од резултатите на изборите, кога мнозинството граѓани јасно и недвосмислено се изјаснија за возобновување на демократијата“, велат од НСДП.

Од партијата наведуваат дека во моменти на блокирање на процесите на демократско и мирно примопредавање на власта, повикувањето на „народот“ и наводното префрлање на одлуките во негови раце, а притоа игнорирање на неговата одлука од 11 декември, само потврдува дека тоа што го порача првиот човек на ЕУ, Туск, дека решението на кризата треба да се темели на демократските процеси, парламентарната демократија и на „здравиот разум“ е нешто кое не се вклопува во политичките проекции и капацитети на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во ’отсуство на разум’ кај новата опозиција, ако и некогаш бил присутен за сега да ’отсуствува’, и недоверба кон ЕУ и кон НАТО, кон пораките од западните партнери на Македонија, добро би било во овој театар на апсурд да се спроведе објективно преборујавње на ’народот’, граѓаните да се повикаат да застанат на двете страни на автопатската делница што ја дели државата на источна и западна, и ’да нè видат’ колку сме, кои сме и како ќе одлучуваме за веќе одлучени работи. Имајќи разбирање за недовербата на Никола Груевски кон Западот, за да се задоволи, може да се побараат и набљудувачи од Истокот, од Кина и од Русија, за овој процес на ’пребројување на народот’ да доведе до објективната состојба со бројката на граѓани кои поддржуваат, толерираат и одобруваат криминал и корупција во државата, и на тие што се водени од духот на правдата и на демократија“, велат од НСДП.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради изборите, Владата ги прогласи 24 април и 8 мај за неработни денови за сите граѓани

Владата на денешната седница заклучи дека 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) да бидат неработни денови за сите граѓани на Република Северна Македонија, заради...