fbpx

НСДП: Идеите за лидерска средба се неприфатливи и непотребни

-

Пласирање на идеите за одржување лидерска средба, како начин за деблокада на институциите на системот и за излез од политичката криза, е неприфатливо и непотребно затоа што седнувањето на маса со криминалци ќе значи враќање на состојбите во државата од пред две години, дури и пoлошо од тоа, велат од НСДП.

Од партијата посочуваат дека смислата и целта на политичките преговори што се одвиваа во Пржино беше излезот од политичката криза да го дадат предвремени парламентарни избори и дека тоа е постигнато.

„Тоа што резултатите не му се допаѓаат на Никола Груевски е негов личен проблем и не може да биде проблем на целата држава. Од перспектива на демократските вредности и уставните норми, ситуацијата е јасна, формирано е ново и легитимно парламентарно мнозинство, кое треба да биде преточно во извршна власт. Оваа ситуација не може и не смее да биде предмет на какви било преговори, затоа што на тој начин ќе се доведе во прашање и волјата на мнозинство граѓани што значи дополнителен удар врз деморкатските темели и вредности“, стои во соопштението од партијата.

Оттаму додаваат дека во ситуацијата разбирливо е однесувањето на Никола Груевски, но „неразбирливо е зошто Али Ахмети толку себично изминативе четири месеци се обидува да му помогне на својот довчерашен коалициски партнер кога токму албанскиот електорат го казни за дружбата со него“.

„Однесувањето на лидерот на ДУИ и неговото барање за лидерска средба, дополнително е неразбирливо во ситуација кога меѓународната заедница тежиштето на излезот од политичката ситуација го става кај нас, кај внатрешните политички фактори и нашата лична политичка одговорност за идинината на државата… Незрело и политички интенционално би било префрлање на политичкото тежиште од Собранието на нова лидерска средба“, нагласуваат од НСДП.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...