fbpx

НСДП: Груевски нема легитимитет да кажува како треба да изгледа новата влада

-

Наместо да овозможи мирен трансфер на власта по институционален пат, Никола Груевски грчевито се обидува да наметнува концепти за излез од кризата, да дава предлози за тоа како би требало да изгледа новата влада на Република Македонија, иако за тоа по 11 декември нема никаков политички легитимитет и кредибилитет, велат од НСДП.

„Очигледно дека на Груевски не му е лесно да ги остави зад себе времето, енергијата и парите што десет години ги трошеше на создавање тесна врска помеѓу криминалот и политика, на подредување на државата на лукративните интереси на тесното партиско раководство. Неговото лицемерство и лоши намери за иднината на државата не застануваат овде, туку продолжуваат и со упорното фаворизирање на принципот победниците во македонскиот и во албанскиот политички блок да формираат влада. Станува збор за чисто етноцентрички пристап во раководењето со државата, кој директно води кон федерализација, за што Груевски го обвинува Заев, затоа што со тоа се нарушуваат два основни принципи на Уставот“, се вели во соопштението на партијата.

Од НСДП велат дека во делењето совети, предлози и политички ставови за формирање „малцинска влада“, кај Груевски може да се препознаат само проекции на лични вредности, сфаќања и искуства во кои криминалот и политиката се во хармонична спрега во извршната власт.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...