fbpx

НСДП бара оставка од Чавков поради тепањето на студентите

-

Со вандализам, насилништво, полнење на гласачките кутии, импровизации без преседан, вчера владејачката партија успеа на криминален начин и со поддршка на полицијата да ги понижи студентите и директно да се вмеша во спроведување на скандалозни избори за студентски лидер на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, реагираат од НСДП за вчерашните случувања на изборите за студентски лидер.

Од НСДП истакнуваат дека за нив е недозволиво и скандалозно полицијата под полна униформа, со оклопни возила, да биде мобилизирана и пуштена насилно да исфрла и да тепа студенти, поради што бараат од министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, веднаш да си поднесе оставка.

„Секогаш кога има избори во Македонија, главната асоцијација која се поврзува со ВМРО-ДПМНЕ е насилно шверцување на криминални и на лукративни интереси низ изборниот процес…Атмосферата на недоверба, заплашување, уцени, списоци со гласачи, сето она што македонските граѓани го искусуваа во изборните циклуси за време на власта на ВМРО-ДПМНЕ, вчера го спроведоа на студентските избори“, стои во реакцијата на НСДП.

Оттаму велат дека режимот, соочен со своето заминување во историјата, направил уште еден исчекор напред во инсталирањето на полициската држава и почнал „да удира со пендреци по студентите, по иднината на Македонија“.

„Ако до вчера МВР беше инструментализирано за организирање хајки, прогон, разни местенки на политички опоненти на власта, од денеска официјално се промовира во институција за прогон на младите надвор од Македонија. Авторитарната власт вчера им испрати порака дека не се пожелни во Македонија, дека нивната иднина не можат да ја гледаат или да ја бараат овде доколку го креваат својот глас и се спротистават на узурпирањето и на погазувањето на нивните основни граѓански и студентски права“, велат од партијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...