Новоизбраните министри денеска ја преземаат функцијата


       
Скопје, 4 јуни, 2018 - 9:22 (META) 

Четворицата новоизбрани министри, кои во петокот добија поддршка од Собранието, денеска ќе ги преземат должностите во соодветните ресори.

Арбр Адеми напладне ќе ја преземе должноста министер за образование и наука од Рената Тренеска – Дескоска, која е избрана за министер за правда. Министерското место во правда беше испразнето по оставката на Билен Саљији.

Во Министерството за култура Роберт Алаѓозовски ќе му ја предаде фунцијата на Асаф Адеми.

Функцијата министер без ресор од денеска ќе ја извршува Бардул Даути.