fbpx

Новогодишно пакетче ќе добие Шилегов утре од „Го сакам Водно“

-

Активистите на граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“ соопштија дека подготвиле новогодишно „пакетче“ со барања до градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, кои се однесуваат на парк-шума Водно и дека симболично ќе му ги предадат утре во 11 часот во просториите на Град Скопје, во присуство на медиумите.

„Незадоволни од бројните нерегуларности кои го следат функционирањето на нашата парк шума Водно, решивме да ги изнесеме сите нешта кои би можеле да придонесат во решавањето на проблемите. Ги срочивме овие точки во облик на наши барања до Град Скопје, како институција надлежна за парк шумата Водно и единствена која има инструменти за нивна реализација. Барањата се конкретни, бараат вложувања на време, пари и човечки ресурси но бенефитите од нив сметаме дека се конечни и далекусежни“, се вели во соопштението испратено до медиумите од страна на еколошките активисти од оваа иницијатива.

Од „Го сакам Водно“ се уште не ја откриваат содржината ниту бројот на барањата, но најавуваат дека тие се однесуваат на сите проекти кои се во тек на реализација на падините на Водно, како што се гасоводот, Сончев град, телекомуникациската кула, но и на ветеното донесување на законот за заштита на парк-шумата и дека ќе бидат и формално поднесени до градските власти преку архивата на градот.

„Се надеваме дека претпразничниот гест на предавање на барањата во Град Скопје, кои имаат за цел заштита и зачувување на Парк Шума Водно, ќе претставува вистински предизвик за градоначалникот во новата 2019-та“, велат од „Го сакам Водно“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Задолжителна стерилизација, гробишта за миленици, полиција за животни – новиот предлог закон влезе во Собрание

Сопствениците на кучиња и мачки ќе бидат должни да ги стерилизираат своите миленици, освен во случај ако се регистрирани како одгледувачи или одгледувачници. Регистрираните одгледувачи и одгледувачници ќе бидат...