fbpx

Новогодишно обраќање на премиерот Никола Груевски

-

Зад нас е 2014 година, пред нас 2015. 2014 беше година на многу предизвици, проблеми, но и на успеси. Сите ние со ентузијазам влегуваме во 2015 година, со мисла за подобар и за посреќен живот. Секој еден човек има право да се бори за подобар живот, за посреќни денови, за помалку проблеми и за повеќе успеси, вели премиерот Никола Груевски во новогодишното обраќање.

– Во 2015 година очекувме да почне градбата и на гасоводната мрежа од Куманово до Штип и да се обезбедат услови и за останататиот примарен гасовод низ Македонија. Секундарната гасификација во Скопје и во Скопско, со инвестиција од 100 милиони евра, како и секундарната гасификација во Источна и во Западна Македонија е исто така дел од плановите за 2015 година. Фокусот ќе остане и на наоѓање алтернативни извори за донесување поголеми количества гас за Македонија. Како и во 2014 година, така и во 2015 ќе продолжиме со ветеното зголемување на пензиите, социјалната помош и на платите во јавниот сектор. Како и во 2014 година, така и во 2015 ќе продолжиме со политиката за поддршка на земјоделството и на македонското село со нови 150 милиони евра за субвенции и за рурален развој – вели Груевски.

Втората крупна реформа е поврзана со високото образование, истакна Груевски, нешто што деновиве е многу актуелно.

– Со неа се предвидува дека почнувајќи од 2018 година, секој професор ќе треба да издава најмалку два труда во пет години во реномирани меѓународни списанија со фактор на влијание, објавени на листата на Томсон Ројтерс, „Веб оф сајенс“. Ова предизвика вознемиреност кај дел од македонските професори, која резултираше и со протести, но на Македонија ѝ се потребни квалитетни професори и напредни научници, кои својот квалитет нема да го мерат само локално, меѓу себе, преку колумни низ дневните весници и бистрење политика, туку меѓународно, со своите колеги од сите напредни држави. Ова на краток период ќе го наруши нивниот комодитет, но долгорочно сите добиваме – рече Груевски.

Во 2015 година следуваат и измени и дополнувања на Уставот, рече Груевски, и стапување на сила на комплетно нова законска регулатива во делот на државната и на јавната администрација, со што од корен ќе се променат некои состојби и проблеми во тој дел, а ќе дадат нов елан и нови можности на вработените во администрацијата. Следува и пакет на крупни измени во законите во судството, кои треба да креираат уште поефикасно и поправично судство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...