fbpx

Ново рочиште за 27 април, ќе бидат сослушани четворица сведоци

-

На денешното рочиште за настаните во Собранието на 27 април минатата година треба да бидат сослушани четворица нови сведоци – Ацо Ангеловски, Александра Богоевска Крстановска, Маријан Митевски и Алим Алими.

Претходното маратонско рочиште заврши со сведочењето на актуелниот директор на БЈБ Сашо Тасевски, кој во времето на случувањето во Собранието беше обезбедување на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Тој на рочиштето за 27 април во Кривичниот суд, посочи дека напаѓачите извикувале дека ќе ги убијат, дека нема каде да одат и оти ќе биде прогласена воена состојба. Како последица на нападите Тасевски се здобил со две расекотини на главата, му била изместена вилицата и имал модринки по телото.

Претходно во Судот сведочеа Драган Крстевски од МВР, Владимир Стојков вработен во Собрание на РМ и Агим Нухиу, заменик министер за внатрешни работи.

Нухиу кој неколку часови сведочеше за текот на настаните во МВР за време на насилствата во Собранието на 27 април, кажа дека тогашниот директор на БЈБ, Митко Чавков, не одговарал на неговите повици. Со Чавков, кој раководеше со оперативниот штаб, остварил контакт во 20 часот откако претходно повеќепати залудно се обидувал да го добие на телефон. Нухиу рече дека кога го прашал што се случува, а Чавков, сега обвинет во случајот, му рекол дека „се случува народ“.

На ваквата целодневна динамика на судење реагираше адвокатот Еленко Миланов. Се пожали дека условите биле ненормални и оти адвокатите не можат да се концентрираат на одбраната на обвинетите. Тој смета дека за ова мора да се погрижи Адвокатската комора, Народниот правобранител и Трудовата инспекција, бидејќи, како што наведе и тие како адвокати имаат права, кои сметаат дека сега им се нарушени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...