fbpx

Ново продолжение на конститутивната седница утре, нема отстапување од рововските позиции

-

По пет дена пауза, конститутивната седница на Собранието треба да продолжи утре во 11 часот. Според редовните утрински соопштенија испратени од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ и пред продолжението на утрешната конститутивна седница, нема отстапување од рововските позиции на партиите.

Во редовното утринско соопштение на СДСМ се вели дека „Груевски нема право да нуди 51 избран пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, како да се негова лична своина“.

„Прво, парламентарно мнозинство веќе постои и тоа никој не го бара од него. А, и дали некои од опозициските пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ќе најдат здрав разум и ќе ги поддржат реформите по формирањето на новата реформска влада, исто така не зависи од Груевски“, велат од СДСМ.

Во редовното утринско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, пак, се вели дека „криминалецот Заев за својата лична амнестија за криминалите што ги сторил е решен Македонија да ја направи двојазична, да ги прогласи за геноцидни сопствениот народ и држава, да го промени името на државата по грчки терк и во крајна фаза да ја федерализира државата“.

Претседателот Ѓорге Иванов, во интервју за австрискиот весник „Винер цајтунг“, го повтори својот став дека нема да го додели мандатот и да се избере претседател на Собранието.

„Формирање влада без оправдан мандат е правно неиздржано“, кажа меѓу другото претседателот Иванов во интервјуто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Фотографија од човек во воз не го прикажува Пригожин, ниту пак, докажува дека тој е жив

Иако човекот на фотографијата наликува на шефот на Вагнер, сепак на фотографијата има детаљ кој покажува дека не се работи за него. Како што пишува Њузвик, ушите на Пригожин се поинакви...